При судир со СУВ, ризикот за смртност е поголем за 28 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Сообраќајните несреќи меѓу автомобил и СУВ носи 28% поголем ризик за животот на возачот на лесниот автомобил, а тоа го покажуваат и резулатите од новото истражување на Американскиот осигурителен институт за сообраќајна безбедност (IIHS). Проценките изгледаат потресувачки, но практично одбележуваат значителен напредок, со оглед на тоа што во 90-тите години на минатиот век показателот бил цели 132 проценти.

Проучувањето на IIHS опфаќа податоци од несреќи со учество на автомобили на возраст од 3-4 години во периодот од 1989 до 2016 година. Споменатите 132% повисок ризик за возачите на лесни автомобили се однесува на сообраќајните несреќи во периодот од 1989 до 1992 година. Со навлегувањето на современите технологии за активна и пасивна безбедност, таа се подобрила за голем процент.

Прогресот, сепак, ги одминал пикапите. Веројатноста да бидат причина за смртта на возач на лесен автомобил при суди кај нив е повисока за 159% отколку при удар со лесен автомобил. Тој показател не само што не е намален во споредба со периодот 1989-1992 туку дури се има и зголемено за еден процент.

Како основна причина за смртноста при несреќи со учество на пикапи од IIHS ја посочуваат тежината, со оглед на тоа што потешките втомобили секогаш нанесуваат и повеќе штета. Друг не помалку важен фактот е големиот клиренс. Поради височината пикапите се забиваат над програмираните зони за деформација на лесните автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK