Правила за велосипедистите во Австрија: Што забранија властите!

ОБЈАВЕНО НА:

Австриските власти и здружението на велосипедисти издадоа задолжителни упатства за велосипедистите во време кога владее пандемија на коронавирусот и затоа е добро да се знаат. Бројот на велосипедисти расте постојано и во Македонија, па затоа не е лошо да се види што Австријците направија.

Со мерките кои Австријците ги објавија, а велосипедистите мора да се придржуваат, тие добија забрана за:

-Групни патувања (со личности кои не живеат во иста животна единица) бидејќи e потребно растојание при возење еден покрај друг.

-Поединечни патувања во траење од неколку часа бидејќи со нивното траење се зголемува веројатноста за пад и повреда, спасувачки акции кои можат да се избегнат го оптоваруваат веќе оптоварениот здравствен систем или дури ги загрозуваат човечките животи. Од иста причина, треба да се избегнува, возење на ридски велосипеди на асфалтирни патишта.

-Повеќечасовни поединечни патувања со сериозен интензитет бидејќи можат да влијаат негативно на имунолошкиот систем.

-Користење на јавен превоз за доаѓање до велосипедските патеки.