Byton M-Byte на саемот во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Франкфурт европска премиера имаше моделот M-Byte на кинеската компанија Byton. Станува збор за технолошки напреден автомобил кој според претставници на компанијата е вистински конкурент на Tesla.

Достапен ќе биде со погон на две и четири тркала, а со едно полнење ќе има дострел од околу 430 километри. Почетната цена на овој SUV се очекува да изнесува околу 54 илјади евра.

Она што е карактеристично за овој автомобил е големиот, 48 инчен екран што е еднакво на 7 iPad-а или далеку поголем од сега најголемиот дисплеј вграден кај автомобилите на Tesla чија големина изнесува 17 инча.

Во рамките на саемот, основачот и првиот човек на компанијата потврди дека овој модел веќе кон крајот на 2021 година ќе се најде во продажба во Велика Британија, а целта е во 2022 година компанијата да го достигне максималниот производствен капацитето од 300 илјади возила годишно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK