Финските гуми Nokian добија награда SilverClass

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Финска која се занимава со производство на гуми, Nokian Tyres беше посочена како една од најодржливите во светот. Финците беа наградени со категорија SilverClass во годишникот за одржливост на RobecoSAM за 2019 година, кој беше објавен во февруари.

RobecoSAM е експерт во делот на одржливост, чија годишна оценка се смета за особено сигурна и сеопфатен извор на информација за тоа како одржливите практики се интегрираат во различни компании ширум светот.

NokianTyres беше една од двете компании од Финска и единствената во сегментот за автокомпоненти, која стигна до наградата SilverClass. Минатата година NokianTyres ја доби наградата BronzeClass.

Вкупно 39 компании беа оценети во сегментот автокомпоненти, За својот „Годишник за одржливост 2019“ (SustainabilityYearbook 2019) RobecoSAM разгледа повеќе од 2600 јавни компании.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK