Доаѓа ли крајот на кросоверите?

ОБЈАВЕНО НА:

Во следните четири години на пазарот ќе се појават 246 целосно нови и радикално модернизирани кросовери и теренски возила, а делот на тој модерен сегмент ќе достигна 70% од пазарот. Ова го покажува и годишното истражување на Bank of America, под наслов „Војна на автомобилите“ („Car Wars“). Истражувањето предвидува пат во заработувачката од ваков тип на возила и постепено намалување на нивната популарност.

Според извештајот развојот на новите модели е правилна стратегија и производителите кои располагаат со богата и модерна понуда имаат и подобри шанси да привлечат повеќе клиенти. Во периодот од 2020 до 2023 година се очекуваат најмногу новости да бидат презентирани од Honda, Hyundai/Kia и Ford, што ќе им дозволи да го зголемат пазарниот дел.

Од друга страна предвидените 62 нови возила се за повеќе од 55% отколку во периодот од 2004 до 2019 година, кога дебитирааа просечно по 40 модели во година. Авторите веруваат дека ова ќе придонесе за презаситување на сегментот, особено кај хибридните и луксузните кросовери.

Од Bank of America предвидуваат пад во заборатувачката, кој ќе биде коплициран уште повеќе поради сè пократкиот животен циклус на моделите и зголемување на расходите за развој. Сè повисоката цена на кросоверите, ќе ги направи истите недостапни за огромен број на купувачи, што ќе биде причина за слабеење на интересот за оваа класа на автомобили. Продажбата на нови автомобили во САД се очекува да биде намалена од 17,27 милиони (во 2018 година) до 13-14 милиони во 2022 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK