Porsche продава и руши рекорди со СУВ возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбите на возилата од брендот Porsche во првата половина од 2018 година достигнаа рекордно ниво за овој производител на спортски автомобили.

Со убедлива предност најпродавано возило на Porsche на пазарот на крајот од првите шест месеци од годината е Macan, а реализацијата достигнала ниво од 46.600 единици. Второто најбарано возило од овој бренд одново е СУВ модел, а се работи за Cayenne, со 28.700 примероци, додека двата формираат повеќе од пола од вкупните бројки за продажба од 130.598 возила.

Рекордното полугодие за Porsche завршува со двојно зголемување до 20.500 продажби на Panamera, додека класичното семејство на 911 има 21.400 продадени примероци.

Од Porsche презентират и пораст од 9% во продажбите во Европа, а притоа порастот е најголем во Германија од 11 проценти, во САД се 7, додека во Кина е регистриран пораст од 7 проценти односно 33.363 возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK