Истражување на 570.000 автомобили: На кои возила најчесто им се враќа километражата?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога купувате половно возило секогаш стравувате дека можеби продавачот не е искрен со вас и можеби не ја кажува вистинската километража. И многу често навистина километражата е вратена, и не се мери во неколку илјади километри туку во десетици илјади. А тоа сигурно влијае на цената на автомобилот. Се претпоставува дека со вратена километража можете да добиете и за 25 отсто повисока цена на возилото што го продавате.

Но, секако враќањето на километража е казниво дело и за истото можете да добиете казна. Особено е казниво во земјите од ЕУ, Германија од каде голем дел од возилата стигнуваат и кај нас.

Сигурно се прашувате кои возила најмногу имаат вратена километража? Во едно проучување се анализирани 570.000 автомобили кои биле проверени во 2020 година. Истражувањето е направено од осигурителни компании во Германија и Франција.

Како резултат на тие истражувања е потврдено дека најчесто кај дизелските возила има враќање на километражата. Тие почесто минуваат голема километража и затоа и може да се врати истата со цел да се прикаже дека се во подобра сосотојба. Но, поконкретно кај дури 74,4 отсто од дизелските возила била вратена километражата.

Возилата со бензински мотор помалку „се штелуваат“ – само 25 отсто, а најмалку тоа е прави кај електричните возила и хибридите – само 0,6 отсто.

Истражувањето покажало дека најчесто враќање на километражата имало кај возилата произведени во периодот од 1991 до 1995 година, и тоа во просек по 80.000 км. Манипулирање има и со возилата кои се „нови“ и произведени во период од 2016 до 2020 година. Кај нив просекот е околу 36.000 км.

Но, имало и случаеви кога реалната километража била изманипулирана за 200.000 до 400.000 км. Затоа, кога купувате возило прово проверете дали навистина ја има километражата која ја покажува.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK