Aston Martin има чудовиште: Машина со 1100 коњски сили

ОБЈАВЕНО НА:

Една од најдобрите првоаприлски шеги меѓу автомобилските компании дојде од легендарната Aston Martin.
Се работи за Project Sparta откаде што беше демонстриран погледот на компанијaта за еден евентуален „монстер трак“од оваа компанија, а од Aston Martin велат дека тој е разработен паралелно со идниот СУВ модел DBX и тој ќе се вклучи во шампионатот Monster Jam во текот на следната година.

Првоаприлското СУВ чудовиште е опремено со 6,5 литарски, V-образен, 12-цилиндричен атмосферски мотор со максимална моќност од 1100 коњски сили. Истиот мотор е монтиран и на специјалната верзија Aston Martin Valkyrie AMR Pro, која е предвидена за употреба единствено за затворен простор и писта.

Завршената верзија на Aston Martin Valkyrie ќе стигне до своите први сопственици на почетокот на 2019 година, а моделот ќе биде произведен во лимитирана серија од само 175 примероци. Од нив 25 ќе можат да бидат управувани само на затворена писта.