Што ќе донесе партнерството помеѓу BMW и Alibaba?

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на автомобили BMW и официјално го потпиша договорот со кинескиот технолошки гигант Alibaba. Според овој договор, двете компании ќе работат на полето на брендирање, маркетинг, услуги и информациона технологија.

Целта е да се спроведе целосна дигитализација на бизнис процесите на BMW кои се спроведуваат на територијата на Кина.

BMW ќе биде првиот производител на автомобили кој ќе го користи оперативниот софтвер ABOS развиен од Alibaba, а двете компании заедно ќе ја формираат и првата интернет компанија за продажба и услуги.

Така во блиска иднина, купувачите во Кина ќе имаат можност преку интернет да купат било кој од моделите на BMW и Mini, или пак да резервираат тест возење, сервист и слично.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK