Bentley отпушта работници, намалува плати, одложува планови

ОБЈАВЕНО НА:

Ниту производителот на ултра луксузни автомобили, Bentley, не остана имун на коронавирусот и негативните ефекти предизвикани од пандемијата.

Британските медиуми повикувајќи се на официјалното соопштение на производителот наведува дека компанијата ќе отпушти и до илјада работници во наредниот период.

“Се наоѓаме во средина на најголемиот предизвик од програмата која ја отпочнавме во 2018 година која треба да ни донесе финансиска стабилност и рапидно подобрување на продуктивноста во бизнис процесите” стои во соопштението на Bentley.

Дополнително, согласно планот од 2018 година, но и финансиските потешкотии предиззвикани од коронавирусот, на нешто повеќе од 4 илјади работници ќе им бидат скратени платите, намалени бенефициите или распоредени на други места со пократко работно време.

Дополнително, се одложува стартот на некои од плановите за производство на електрични возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK