Subaru Levorg е автомобилот на годината во Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Subaru Levorg е избран за автомобил на годината за 2020-2021 година во Јапонија. Втората генерација на Levorg беше избран за најдобар автомобил од 33 нови автомобили со што јапонскиот производител го доби второто престижно признание откако во 2016-2017 за најдобар автомобил беше избран Subaru Impreza.

За најдобар увезен автомобил е избран Peugeot 208 со што францускиот производител ја добива првата награда во земјата на сонцето. За најдобар дизајн награда доби Mazda MX-30 додека за автомобил со најдобра технологија, признание доби Audi e-tron Sportback.

Награди уште добија BMW Alpina B3 за автомобил со најдобри (спортски) перформанси и Nissan Roox за кеи автомобил на годината.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK