Се појавија фотографии од Alfa Romeo Tonale

ОБЈАВЕНО НА:

Во Женева годинава Alfa Romeo го претстави концептниот SUV, Tonale. Иако засега нема официјални информации околу премиерата на продукцискиот модел, на интернет протекоа првите фотографии од сериската верзија на овој модел.

Судејќи по екстериерот, продукциската верзија во најголем дел го има задржано изгледот на концептот, а единствена и најголема разлика се предните светла кои се поголеми во однос на линиските кај концептот.

Од претходно е познато дека со овој модел италијанскиот производител ќе им парира на Audi Q3, BMW X2, Range Rover Evoque и Nissan Qashqai, а според изгледот Tonale е и повеќе од конкурентен.

Според шпекулациите овој модел во производство треба да се појави во првата половина на 2021 година, а во понудата ќе биде достапен и со plug-in хибридна верзија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK