Stellantis и Foxconn ќе соработуваат во развој на дигитален кокпит

ОБЈАВЕНО НА:

Stellantis и технолошкиот гигант Foxconn потпишаа договор за заедничка соработка за развој на револуционерен дигитален кокпит и технологија за поврзани услуги.

Foxconn преку својата компанија FIH Mobile ја формираше заедничката компанија со Stellantis во која двете имаат подеднакви права и 50/50 право на гласови. Двете компании ја формираа Mobile Drive кој треба на Stellantis да овозможи одржување на чекорот во поглед на технологијата со другите производители на автомобили.

“Нашите возила ќе го подобрат животот на нашите купувачи” изјави кратко Карлос Таварез по потпишувањето на договорот, алудирајќи на напредната технологија која наскоро ќе биде дел од возилата од брендовите под капата на Stellantis.

Инаку Foxconn како технолошки гигант од Тајпеј соработувал или во моментов соработува и со гиганти како Amazaon, Apple, Cisco, Dell, HP, Huawei, Sony, Toshiba, Lenovo, Microsoft, Intel…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK