Со тизер Ford ја најавува новата изведба на GT (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На најпознатиот фестивал за автомобили во САД, фестивалот во Гудвуд кој започнува на 4 јули годинава, Ford ќе претстави нова изведба од спортскиот модел GT.

Ова американскиот производител го потврди со објавување на кратко видео на својот YouTube канал, на кое не може да се откријат многу детали.

Ниту еден американските медиуми кои важат блиски до Ford не се осмели да шпекулира за што станува збор, па оттука мистеријата од ден на ден станува се поголема.

Инаку моделот GT за прв пат беше претставен на саемот за автомобили во Детроит во 2002 година, а во сериско производство влезе три години подоцна. Пред две години Ford ја претстави втората генерација од овој супер спротски модел, а во меѓувреме претстави неколку специјални верзии и изведби.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK