Spyker оди во банкрот

ОБЈАВЕНО НА:

Холандскиот производител Spyker Cars поднесе барање за банкрот откако не успеа да ги обезбеди потребните финансии за натамошно нормално функционирање.

Овој производител е основан во 1999 година од страна на Mартен де Брујин и Виктор Мулер, а во досегашното функционирање претстави неколку спортски автомобили во ограничено производство.

Компанијата во август минатата година објави дека постигна партнерски договор за инвестирање, но и покрај тоа не успеа да обезбеди финансиска стабилност.

За потсетување, кон крајот на минатата година барање за банкрот до јужнокорејските власти поднесе и SsangYong.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK