Ford им нуди на слепите да ја доживеат надворешноста со „умен“ прозорец (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Прототип изработката на Ford под назив „Feel The View” нуди интересен момент кој дозволува да се насладувате во глетките околу возилото и на тој начин ви нуди убава можност за пријатно патување во долгите часови во возилото.

Сепак, доколку лицата коишто се наоѓаат во автомобилот имаат слепило или делумно слепило не можат да го имаат истото задоволство. Затоа луѓето од Ford Italia се надеваат да ги изменат овие работи со помош на специјално приспособување на прозорците во автомобилот, кои ќе му дозволат на лицето со оштетен вид да ужива во пејсажот однадвор.

Прототипот Feel The View се позизионира на врвот на стаклото до патникот и кога ќе притисне копче во центарот на уредот, камерата снима кадар на околината. Потоа сликата се трансформира во високо контрасна монохроматска слика која се репродуцира на прозорецот со помош на LED-светлина.

Патникот со оштетен вид после тоа може да ја почувствува сликата со прстите на површината на прозорецот каде различните нијанси на сивото на број до 255 вибрираат на различни фрекфенции. Така пејсажот однадвор може да биде замислен во мозокот на патникот.

За жал нема подетални информации како овој систем ќе функционира навистина на практика. Го развиваат во соработка со компанијата GTB Roma and Aedo, специјализирана за создавање на системи за слепи лица. Исто така недостига и информација за евентуална намера за сериско производство на овој нов и интересен уред.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK