ЕУ ја забранува продажбата на Camaro и Corvette

ОБЈАВЕНО НА:

Минаата година Европската Унија решително пристапи кон решавање на проблемите со загадувањето од возилата. За таа цел ја воведе новата WLTP процедура која обезбедува построги тестови во поглед на нормите за издувни гасови.

Иако веќе голем број на производители, особено европските ја осетија строгоста на овие правила, сепак најлошото уште не е дојдено.

Според претходно усвоените законски измени и регулативи прифатени од сите земји членки на Европската Унија, од 1 септември оваа година на сила стапуваат уште построгите правила кои се дел од последната фаза на имплементацијата на новите WLTP процедури.

Покрај автомобилите опремени со дизелски мотори кои по септември годинава ќе бидат значително редуцирани во понудата во европските земји, опфатени се и оние со бензински мотор. Така засега јасно е дека по 1 септември во Европа нема да може да се купат моделите на Chevrolet, Corvette и Camaro кој се опремени со 6.2 литарскиоте бензински V8 мотор.

Листата на “забранети” модели се очекува значително да се прошири во пресрет на стапувањето на силата на оваа регулатива.