Специјален супер автомобил за 110 години Bugatti (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот автомобилски производител, Bugatti одбележува 110 години од своето постоење со нов хипер автомобил, наречен „110 ans Bugatti” (110 години Bugatti). Ова возило дебитираше во САД на меѓународниот автомобилски саем во Њујорк.

110 ans Bugatti e уште поекслузивна верзија на Chiron Sport, која веќе е подобрена од стандардниот хипер автомобил Chiron.

Производителот објави дека ќе направи само 20 примероци од серијата посветена на 110-годишнината.

Ограниченото издание на Bugatti оддава почит на француските корени. Сите 20 автомобили ги имаат боите на француското знаме. Седиштета, безбедносните ремени и сопирачките се означени  со француското сино.

Под хаубата моќноста е непроменета од моторот со моќност од 1500 коњски сили, 8,0-литарски со четири турбокомпресори W-16 на Chiron. Спортското издание е полесно, со оглед на тоа што инжинерите имаат тргнато дел од тежината, на пример рамките на предната шофершајбни се од јаглеродни влакна.

Цената на автомобилот, како и максималната брзина која ќе ја развива уште не се објавени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK