K50 е првиот кинески спортски автомобил кој ќе се произведува во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеската компанија Qiantu Motors објави дека од 2020 година ќе започне со производство на спортскиот автомобил К50 на територијата на САД.

Кинеската компанија Qiantu Motors објави дека од 2020 година ќе започне со производство на спортскиот автомобил К50 на територијата на САД. Овие две компании во моментов работат на првиот К50 автомобил кој ќе биде дел од хомологацијата со цел исполнување на потребните стандарди неопходни за почеток на производството на овој модел.

К50 е електричен автомобил кој за прв пат дебитираше на саемот за автомобили во Шангај минатата година. Електричниот мотор благодарение на кој се придвижува, продуцира 408 КС. Батериите се со капацитет од 78 kWh, а максималната брзина изнесува 200 км/ч. Со едно полнење овој автомобил е способен да помине до 380 километри.

Во моментов овој автомобил се произведува и во Кина од страна на истоимената компанија. Според шпекулациите во САД овој автомобил би чинел околу 110 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK