Продажбата на нови автомобили во Германија се зголеми за 10%

ОБЈАВЕНО НА:

Зголемување од 9,7% на продажбата на нови автомобили е забележана во Германија откако и втор месец по ред остварено е значително зголеување. Така минатиот месец се продадени вкупно 299.127 нови автомобили со што од почетокот на годината до крајот на ноември продадени се вкупно 3.323.878 нови автомобили.

Најголем процентуален пораст на продажбата забележа Volkswagen и тоа од 20,9% односно во ноември продаде 62.642 нови автомобили. По Volkswagen со 10,9% следи Mercedes кој месецот го заврши со 32.690 продадени автомобили. Со 8,3% на третата позиција се најде BMW.

Од друга страна, во ноември споредбено со октомври ниту еден производител не забележа пад на продажбата, но споредбено со ноември 2018 година, најголем процентуален пад оствари Suzuki и тоа од -35,9%. Honda забележа пад од -20,1% додека Mini -18,1%.

Инаку убедливо најмногу возила од почетокот на годината до крајот на ноември има продадено Volkswagen и тоа 618.000, а на втората позиција со 314.389 се најде Mercedes. Најголем процентуален пораст и тоа од 432,3% забележа Tesla продавајќи 9.581 автомобил оваа година.