Во Германија продолжува субвенционирањето купување на електрични возила со 9.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Германската влада ќе ги продолжи субвенциите за купување електрични автомобили до следната година, најави новиот министер за економија Роберт Хабек. Купувачите на автомобили кои користат само електромотор ќе добијат најмногу 9.000 евра од Владата во 2022 година, а купувачите на хибридни модели до 6.750 евра.

Програмата за субвенционирање на откупот требаше да истече на крајот на годината, но решено е истата да продолжи и в година со цел да се стимулира купувањето на еколошки возила.

Од 2023 година граѓаните ќе добиваат субвенции само за купување одредени електрични возила, во зависност од тоа колку го користат електромоторот и колкава дистанца поминуваат меѓу две полнења, додаваат од Министерството.

„Ќе бидеме поамбициозни во финансирањето со цел дополнително да ја поттикнеме електромобилноста и да ги интензивираме напорите за запирање на климатските промени“, рече министерот Хабек.

Зголемувањето на владините субвенции за набавка на електрични и хибридни автомобили резултираше со значително поголем број регистрации на нови автомобили минатата година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK