Снимена новата генерација на Honda Jazz

ОБЈАВЕНО НА:

Автомагазинот Motor1 на својата интернет страна го претстави првото видео од новата генерација од Honda Jazz. Маскираниот модел од четвртата генерација во моментов се тестира на неколку локации ширум светот, а од видеото и не може да се открие многу околу надворешниот изглед.

Она што се знае е дека јапонскиот производител ќе понуди многу поголема опрема пред се повеќе безбедносни и системи за асистенција на возачот. Се очекува и поголемо меѓуоскино растојание, а со самото тоа и повеќе простор во внатрешноста.

Четвртата генерација во прдоажба ќе се појави уште оваа есен во Јапонија, а од следната година ќе биде достапен и на останатите пазари.

Овој модел зазема значајно место во понудата на Honda. Првата генереација е воведена во 2001 година. Седум години подоцна е воведена и втората генерација, доддека актуеланта генерација е претставена во 2014 година. Овој глобален модел е познат и под името Fit кој се користи во Јапонија, Кина и Америка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK