Скица од внатрешноста на Skoda Slavia

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda ја објави првата скица од внатрешноста на целосно новата и специјално дизајниран за индискиот пазар, моделот Slavia.

Од Skoda велат дека внатрешноста на Slavia, која официјално ќе биде претставена на 18 ноември, на потрошувачите ќе им понуди простор и карактеристични дизајнерски елементи, дизајн на централниот екран од 10 инчи, кружни отвори за воздух, дизајн на воланот и др.

Седанот Skoda Slavia со средна големина ќе биде достапен со избор од два бензински TSI агрегати, вклучувајќи ja основна верзија со еднолитарски трицилиндричен мотор со 115 KS и 1,5 литарски со 150 KS. Во зависност од нивните преференции, клиентите ќе можат да избираат помеѓу 6-степен мануелен, 6-степен автоматски менувач и 7-степен роботизиран DSG.

Slavia ќе стане вториот модел специјално развиен за локалниот пазар во Индија, по Kushaq, што се дел од проектот INDIA 2.0. Во развојот на целосно новиот автомобил за Индија, компанијата се фокусираше на очекувањата на локалните потрошувачи, кои според брендот се менуваат многу динамично. Истражувањето на Skoda покажува дека цената, километражата и удобноста се исклучително важни за клиентите.

Skoda објави скици на новата Slavia – промоцијата до крај на ноември

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK