Сите го сакаат Volkswagen – за новата фабрика се нуди и Косово!

ОБЈАВЕНО НА:

Локацијата за отворање на нова фабрика на Volkswagen на Балканот прерасна во шпанска сапуница. Откако веќе неколку месеци се зборува за трката помеѓу Бугарија, Србија, Романија и Турција, сега во целата приказна се вклучува и Косово.

Како што пренесува приштинскиот портал Telegrafi, министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шаљa испратил писмо до управата на Volkswagen преку кое го кани овој производител да отвори фабрика во оваа земја.

“На основа на информациите дека вашата компанија планира да инвестира во Југоисточна Европа, ова министерство и косовската влада сака да изрази спремност да служи во насока на прифаќање на таа инвестиција на Косово” стои меѓу другото во официјалното писмо. Министерот Шаља ја потенцира поволната клима, младото население и добрата географска положба како клучни предности на оваа земја.

Претходно, српските медиуми објавија дека Србија повеќе не е во тесниот избор за новата фабрика и сега главната битка на врвот се води помеѓу Бугарија и Турција.

Одлуката за избор на локацијата се очекува раководството на германскиот производител да ја донесе на почетокот на ова лето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK