Продажбата на електрифицирани автомобили со рекорден удел во септември

ОБЈАВЕНО НА:

Во Топ-3 најпродавани електрични автомобили годинава се Tesla Model 3, Wuling Hong Guang MINI Ev и Tesla Model Y.

Продажбата на електрифицирани возила постојано се зголемува, и во септември е забележан рекорден удел од 10,2% вклучувајќи ги 100% електрични возила (BEV) и хибриди на полнење (PHEV), според анализата на insideevs.com.

Податоците покажуваат речиси двојно – + 98%, раст на продажбата на електрифицирани автомобили на глобално ниво, а за изминатиот месец тие достигнаа ниво од над 685.000 единици. Ова е нов рекорд, што е за 16% повисок од претходниот најдобар рекорд пријавен во јуни годинава.

Основниот удел во продажбата на електрифицирани автомобили во септември беше целосно електрични (BEV) – околу 512.000 (7,6% удел на пазарот), а возилата со полнење (PHEV) имале уште 174.000 (2,6% удел на пазарот) возила.

Според insideevs.com, најпродаваниот електрифициран автомобил во светот од почетокот на годината е:
*Tesla Model 3 со 360.346 примероци, од кои 70.798 се продадени во септември.
* На второ место е Wuling Hong Guang MINI EV со 288.873, (односно 35.169 единици во септември).
* На трето место е Tesla Model Y со 253.833 (68.469 во септември).

Во Топ-10 следуваат:
Volkswagen ID.4 (73.632)
BYD Qin Plus (PHEV) (58.710)
BYD Han EV (58.262)
Li Xiang One EREV (55.270)
Changan Benni (53 220)
Volkswagen ID.3 (53 041)
GAC Aion S (48 875).

Вкупно, во првите девет месеци од 2021 година се купени 4.256.412 електрифицирани автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK