Се создавава најточната навигација во светот – отстапување од 1 см.

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Gееly од Кина на крајот на оваа година ќе лансира два сателити во таканаречената ниска земјена орбита. И ова ќе биде само почеток. Gееly ќе создаде своја сопствена сателитска мрежа од која Кинезите треба да се ориентираат при управувањето на автономни автомобили.

Според она што се најавува точноста на позиционирањето од оваа мрежа ќе биде со отстапување од едвај еден сантиметар.

Во јуни годинава Gееly ќе изврши тестираше на веќе изградените сателити, а после тоа плановите на Gееly стануваат уште пограндиозни. Компанијата планира да изгради фабрика за производство на вселенски сателити и да ги исфрла секојдневно во вселената.

Секоја година оваа фабрика ќе може да произведе по 500 сателити. Точно е дека на Кинезите ќе им бидат неопходни уште неколку години за да ја пуштат најточната навигација во светот (светската централа сè уште не е изградена).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK