Ова е авантуриста: Со Yugo патува од Србија до Австралија!

ОБЈАВЕНО НА:

Патувањето со автомобил по различни континенти и не е нешто непознато, но кога сакате со автомобил стар 30 години да минете 20.000 километри и од Србија да стигнете до Австралија, и тоа за 75 денови, е тогаш тоа енавистига повеќе од подвиг. На таква авантура е тргнат студентот Нинослав Трајковиќ (25) од Бечеј, Србија.

Тој веќе 20-тина денови е на пат и моментно се наоѓа во Иран. Тргна од Србија, па возеше преку Бугарија, Турција и Иран. Му останува да ги мине Пакистан, Индија, Бангладеш, Мјанмар, Тајланд и на крај Австралија. Но, нема да вози само еден автомобил. До Тајланд ќе го има возилото со кое тргнува од Бечеј. Таму истото ќе му го остави на едно семејство и заминува со авион до Австралија.

А таму го чека ново Yugo, со кое ќе се вози по континеот за да стигне до Сиднеј од каде се враќа дома во Србија. Автомобилот воопшто не е подготвуван за ваква авантура. Се работи за возило од 1989 година што е само малку дотеран и офарбан.

Ова не е единствена авантура на Трајковиќ. Тој во 2017 година со својот најдоба другар Ѓорѓе стигна до Монголија до Улан Батор во автомобил стар 30 години. Потоа Нинослав тргнува во освојување на Африка, и извозе 17.000 км. до најјужната точка на овој континент.

Можете секојдневно на неговиот ФБ профил да прочитае до каде е Нинослав и со какви предизвици се соочува.

https://www.facebook.com/NinoveAvanture/?__tn__=kCH-R&eid=ARCxI76pe88yeouZpFs9J8hHT0X2LTN1TK_Z0wDokATrWdhi8iJSg0fKsLXxhbaqOit6B6pqLg_9qTjw&hc_ref=ARQXp2qs3FoBp1TOKBTnm11GzRg_sOBomwV-4jTDk42Z5LlaAryt0HkXKPTpcT1WIGE

Додека стигне до Австралија ќе го следиме авантуристата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK