Од 2022 година сите автомобили мораат да го имаат овој уред

ОБЈАВЕНО НА:

Предизвикувањето на адреналинот и уживањето во брзо возење наскоро може да стане минато. Од 2022 година сите нови автомобили ќе доаѓаат со лимитатори на брзината.

Ова произлегува од најновата регулатива на Европската Унија која има за цел зголемување на безбедноста на сообраќајниците и намалување на бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од неприлагодената брзина на движење.

Станува збор за комплексен систем за навигација, камера и радари за препознавање на сообраќајните знаци, а при тоа автоматскито лимитатор нема да ги користи сопирачките туку под инерција ќе успорува.

За среќа, возачот ќе може да го деактивира ISA (Intelligent Speed Assistance) системот, но останува прашање на време кога и оваа опција ќе биде оневозможена.