Сакале да го тестираат: Украле Ferrari 288 GTO вредно 2 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневен настан е пријавен во германската полиција во Дизелдорф – украдено е возило Ferrari 288 GTO вредно 2 милиони евра. Настанот во полиција го пријавил трговец, сопственик на олдтајмери од овој град.

Се започнало кога “непознат” купувач му се јави на телефон како заинтересиран купувач за автомобилот. Тој заедно со негов пријател дошле на лице место и побарал пробно возење на автопатот А46.

Во оној момент кога возачот-купувач и сопственикот требале да си ги заменат местата во автомобилот тој повторно го стартувал возилото по што заминал во непознат правец.

Овој автомобил сеуште не е пронајде, а ако забележите црвено ферари со регистарски таблички D-06073 пријавете во полиција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK