Колку поевтинуваат новите возила за една година?

ОБЈАВЕНО НА:

Купувањето на веќе користен автомобил често знае да биде многу поволно и тоа е добро познато за секого, но кога станува збор за автомобили од „втора рака“ треба да се биде на чисто со неколку детали, на кои е добро да се обрне внимание.

Според анкетата, спроведена од страна на американската компанија iSeeCars, нов автомобил чини 30% повеќе отколку на пример користена верзија на истиот модел. Исто така беше утврдено, дека кај некои модели цената меѓу новиот и употребуваниот автомобил е многу помала од другите.

Во истражувањето учествувале околу 7 милиони возила, како нови, така и користени, кои биле продадени на пазарот во САД меѓу август 2018 и јануари 2019 година. Експертите ги споредија цените на новите модели со оние на автомобилите со втора употреба, за да се види каква е разликата во цените.

Првото место во рангирањето го зазема Honda HR-V, која е само со 10% поскапа како нова отколку таа, која била возена во период од една година. BMW X1 ја зазема втората позиција со разлика во цената од 11,7%, додека Subaru Crosstrek е на 3. место со 12%.

Денес субкомпактните кросовери се брзо растечки сегмент бидејќи му осигуруваат на купувачот добар баланс меѓу товарниот простор и големината на внатрешноста, како и други предности, кои се својствени за поголемите модели, но во исто време цената им останува на нивото на седаните.

Toyota Tacoma, пак, беше призната за најефективен пикап поради својата сигурност и издржливост. Единствените „лесни автомобили“ на списокот се Honda Civic и Subaru Impreza, кои се наоѓаат на 6. и 9. место. И покрај патот на продажбите, барањето на компактни возила продолжува, а купувачите бараат подостапни варијанти за прифатлива цена.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK