Renault Triber за 6.800 евра доаѓа на 19 јуни

ОБЈАВЕНО НА:

Renault и официјално потврди дека премиерата на моделот Triber ќе се одржи на 19 јуни годинава. Станува збор за мал MPV автомобил специјално развиен за пазарот во Индија каде и единствено ќе се продава.

Според достапните информации, автомобилот ќе биде опремен со еднолитарски мотор со моќност од 75 коњски сили, а менуачот ќе биде петстепен и механички. Според информација на Autocar India новиот кросовер ќе се гради на платформата CMF-A истата онаа која се користи и кај моделот Kwid.

Токму и внатрешноста треба да биде идентична како и кај моделот Kwid. При тоа тука ќе биде и централно поставениот дисплеј осетлив на допир со Apple CarPlay и Android Auto. Од опремата, меѓудругото ќе има и ABS и EBD системи, предни воздушни перничиња како и задни паркинг сензори.

Продажбата ќе стартува уште во јули годинава, а очекуваната цена за Renault Triber е 530.000 рупии – износ кој е еднаков на приближно 6800 евро.