Првиот Ford Shelby продаден за 1,1 милион долари

ОБЈАВЕНО НА:

На специјално организирана аукција во САД , првиот произведен Ford Shelby е продаден за неверојатни 1,1 милион американски долари.

Автомобилот со VIN ознака 001 му припадна на Крег Џексон, прв човек на американската компанија Barrett-Jackson.

“Можноста да се стане сопственик на првиот Ford Shelby GT500 е навистина одлична можност во животот” изјави Џо Хинричс, претседател на Ford за глобални операции. Тој го имаше главниот збор на аукцијата каде го претстави овој модел.

Инаку сите средства прибрани од оваа аукција ќе бидат донирани за истражувања поврзани со дијабетисот кај децата. Токму поради тоа Хинричс додаде дека оваа аукција е голема победа за сите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK