Honda го сопира производството

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител на автомобили Honda објави дека го прекинува производството на автомобили во две фабрики во Јапонија.

Причините за оваа одлука лежат во проблемите со синџирот на снабдување и недостатокот на клучни компоненти за производство на автомобилите.

“Honda значитело го намали својот производствен план во две фабрики во Саитама. Работиме на лимитирање на импактот” објави ПР службата на Honda. Прекинот на производството ќе трае неколку денови со можност за дополнително продолжување.

Познато, причината за овој недостаток е епидемијата од коронавирусот која владе во Кина каде се затворени бројни фабрики за производство на компоненти за автомобилската индустрија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK