Познати цените на новата Honda E

ОБЈАВЕНО НА:

Honda на саемот во Франкфурт ја имаше саемската премиера на продукцискиот модел Honda E. Истовремено со премиерата ги откри и продажните цени на овој модел во Велика Британија.

Предложената малопродажна цена од страна на Honda за дилерите е 26.160 фунти за основниот модел. Во оваа цена добивате мотор кој продуцира 100 kW, а за доплата од 2.500 фунти добивате помоќен мотор со максимална моќност од 113 kW.

На купувачите им стои на располагање да нарачаат и дополнителна опрема како што се странични и задни камери и слично.

До крајот на годинава овој модел на Honda треба да се најде во сите продажно-изложбени салони во Европа, а цената ќе зависи од регионот и нивото на опременост.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK