Поради недостаток на делови Honda го сопре производството на Civic

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Honda привремено го сопре производството во својата фабрика во Велика Британија.

Станува збор за фабриката во Свиндон во која се произведува моделот Civic, а причината за ова е недостатокот на делови неопходни за производствениот процес.

Како што информираат од самиот производител, прекинот на производството ќе трае неколку денови до една недела однсоно додека добавувачот не ги испорача деловите.

Инаку ова е фабриката која Honda планира да ја затвори, особено откако Велика Британија ја напушти Европската Унија. Минатата година во оваа фабрика беа произведени 110 илјади примероци од моделот Civic.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK