Откриена внатрешноста на новиот Golf

ОБЈАВЕНО НА:

Мистеријата околу новата, осма генерација на најпродаваниот модел на Volkswagen, Golf и натаму е голема иако се приближува официјалната премиера. Во пресрет на премиерата закажана за овој октомври во Волфсбург (Германија), а по броjните најави и шпекулативни рендери, откриена е внатрешноста на овој модел.

Она што може да се забележи е дека внатрешноста е радикално изменета споредбено со актуелната генерација. Доминира минимализмот како и големиот дигитален кластер.

За разлика од внатрешноста која се гледа дека претставува вистинска еволуција, од достапните рендери и шпиунски фотографии, може да се очекува надворешноста да не е со многу радикален дизајн и да задржи дизајнерски црти од актуелната генерација.

Претходно овој месец, шефот на VW Јирген Штакман за време на саемот за автомобили во Шангај изјави дека осмата генерација ќе стигне во деветата недела следната година, а тоа значи дека на пазарот ќе се појави на 24 февруари, најпрво во Германија, а потоа и во останатите земји од Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK