Поради коронавирусот: Mazda со загуба во третиот квартал

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Mazda забележа загуба во третиот квартал годинава. Според официјалните финансиски перформанси објавени во кварталниот финансиски извештај, компанијата забележа него-загуба во висина од 72 милиони долари.

Само за споредба, во истиот период минатата година, Mazda оствари профит од 178 милиони долари.

Најголема причина за ова е коронавирусот кој предизвика пад на испораката на возила од 12% на глобалниот пазар односно продажба од само 334 илјади возила. Ова придонесе за пад на приходите за 14%.

Од јапонскиот производител не се многу оптимистички настроени па така очекуваат годинава да ја завршат во минус од 378,8 милиони долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK