Најевтините суперавтомобили на пазарот (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите кои се во категоријата на таканаречени суперавтомобили се многу скапи бидејќи новите технологии и материјали кои се интегрираат во нив чинат многу, а и имиџот на брендот не е без значење.

Не е задолжително да имате милиони за да успеете да дојдете до супер автомобил. Затоа е добро да знаете кои се петте супер автомобили кои можете да ги купите за разумна цена.

 

Audi R8 V10 Performance

Не е потребно да давате пари за Lamborghini Huracan бидејќи за многу помалку можете да дојдете до иста таква технологија, но во друго возило. Audi R8 располага со сличен 5.2-литарски V10 мотор, кој забрзува до 100 км/ч за 3,1 секунди и чини 190.000 евра.

McLaren 570S

Најмалиот McLaren има на располагање моќ од 570 коњски сили и може да забрзува од место до 100 км/ч за 3,2 секунди. Максималната брзина е 328 км/ч. Покрај тоа просечната потрошувачка на гориво е околу десет литри на 100 километри, а цената е 200.000 евра.

Ferrari 488 GTB

Покрај тоа што изгледа елегантно, италијанскиот суперавтомобил има моќност од 670 коњски сили. Забрзувањето е исто така на завидно ниво. До 100 км/ч достигнува за три секунди, а и брендот не е без значење. Максималната брзина на Ferrari 488 GTB е 330 км/ч, а цената е – 204 000 евра.

Noble M600

Овој автомобил од старата школа нуди спартанска внатрешност и минимум електроника. Октагонот е позајмен од стариот Volvo XC90, но е форсиран до 650 коњски сили. Британскиот супер автомобил достигнува брзина од 360 км/ч, а забрзувањето до 100 км/ч, е рамно на три секунди. Цената е 290.000 евра.

McLaren 720S

Купето 720S чини двапати помалку од многу скапата Senna, и е под 300.000 евра. За тие пари се добива четирилитарскиот V-образен мотор со осум степен менувач, кој забрзува до 100 км/ч за 2,9 секунди, а максималната брзина е 340 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK