Полицијата во САД не ги сопира оние што прават прекршок – се плашат од коронавирусот

ОБЈАВЕНО НА:

Во време кога постојат сериозни препораки за намалување на контактите меѓу луѓето и да се контактира од растојание од околу 2 метри, и полицијата во САД добила препораки во овој период да го намали сопирањето на оние што прават прекршоци. Дури и ако тоа мора да се направи тогаш да се одржува соодветно растојание.

Полициските службеници во Мичиген добија генерални насоки за намалување на распространувањето на коронавирусот на следниот начин. „Не сопирајте никого освен ако не е крајно непотребно“.

Нивните колеги од Детроит добиле и друга препорака, да не ги апсат луѓето за помали прекршоци. Така надлежните ќе се обидат да го намалат притисокот врз судовите.

Официјално, сепак, американската полиција соопшти дека ќе се придржуваат до други тактики. “Ќе продолжиме да вршиме проверки дали се почитуваат препораките за движење по патиштата. Инструкциите се дека сите добиле препорака повеќе да контактираат преку телефон отколку да имаат директен контакт со потенцијалните преносители на заразата, вели Џеф Флин, од полицијата во Њујорк.

Во Македонија полицијата засега добро се справува со сите оние што ги прекршуваат правилата и повеќе е фокусирана кон оние што не се придржуваат до потребната самоизолација или карантинот на кои се обврзани.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK