Mercedes отвори салон само за електрични автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes официјално ги отвори вратите на своето прво застапништво кое ќе продава само електрични автомобили. Објектот се вика Mercedes EQ Yokohama и се наоѓа во јапонскиот град Јокохама. Покрај изложбениот салон со автомобили, околу застапништвото има и бензински пумпи и станици за полнење.

Во иднина ќе бидат поставени и соларни панели кои ќе помогнат во полнењето на автомобилите, велат од Mercedes.

Целиот објект се простира на површина од 1.221 квадратни метри, а во него се наоѓаат пет модели на Mercedes EQ. Ова го вклучува водечкиот EQS како и помалиот EQE.

Заедно со отворањето на застапништвото, Mercedes ја воведе и услугата MB Rent, која им овозможува на заинтересираните да купат електрични автомобили да ги тестираат и да поминат извесно време со нив доколку е потребно.

Дали вакви салони ќе има и во Европа наскоро нема информација, но можно е во некои земји да бидат промовирани вакви места, особено онаму каде електричните возила со голем брзина го зголемуваат бројот на возила на патиштата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK