Полицијата проверува и затемнети стакла – ќе платите од 250 евра за возач до 10.000 евра за фирмата

ОБЈАВЕНО НА:

Казни се предвидени за возачот, одговорното лице во компанијата и за компанијата. Се разбира ако возите службен автомобил. За приватно возило, казна ќе добие само возачот.

Покрај тоа што полицијата има засилени контроли за фаќање на оние што возат пребрзо, исто така ја проверува и техничката исправност на возилата што се во одобраќајот. Во периодот од 20.09.2021 до 26.09.2021, Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), при што санкционирани се 25 возачи.

Во Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата казните кои се предвидени за овој прекришок се од 250 евра за возачот, 500 евра за одговорното лице во компанијата и дури и до 10.000 евра за големите трговци.

Стакла кои може дополнително да се затемнат до тој степен што пропустливоста на светлина на стаклото заедно со налепената фолија на него, да биде најмалку:

– 75% за ветробранското стакло и
– 70% за предните бочни стакла (кај возачот и совозачот – пред „B” носачите).

Ова не се однесува за тесната лента која се поставува на горниот раб на ветробранското стакло, и која е наменета за заштита од сонце.

На ветробранското стакло дозволено е затемнување до 25%, додека кај стаклата кај возачот и совозачот дозволено е затемнување до 30%. За задните стакла нема ограничувања доколку возилото има два ретровизори.

На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии.

Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од 30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

Казните за непочитување на одредбите од Законот се:

На правното лицe кое постапува спротивно на одредбата ќе му се изрече глоба во износ
*од 100 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микро трговци;
* од 200 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци;
* од 500 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и
* од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци.

За прекршокот на овој член ќе му се изрече глоба и на одговорното лице во правното лице во износ од 500 евра во денарска противвредност.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата

Значи ако ве фати полиција, и уште возите службен автомобил, ќе ве „изгори“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK