Пет бензинци и четири дизели кај новата Mercedes A-Klasse (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилите од новата генерација на Mercedes A-Klasse ја очекуваат својата промоција која би требало да се случи за неколку месеци, а во периодот се работи на тестирање на прототип моделите кои би требало да покажат до каде е стигнато со работа. Прототип моделот кој бил тестиран во северниот дел на Шведска имал 1.5 литарски дизел мотор, а од истиот ќе има уште три различни дизел варијанти.

Што се однесува до бензинците понудата ќе биде уште поголема. Ќе има дури пет верзии на мотор и тоа без вбројување на моќните А35 и А45 варијанти. Како додаток ќе биде понудена и хибридна верзија, а најверојатно тоа ќе биде plug-in која овозможува автономија на струја до околу 50 километри.

Daimler и Renault пред скоро време го претставија новиот 1.3 литарски четири цилиндричен бензинец, па варијанти и на овој мотор треба да се најдат во A-Klasse. Варијантите од овој мотор генерираат 115 коњски сили 220 Nm, 140 коњски сили и 240 Nm и 160 коњски сили и 260 Nm вртежен момент.

Покрај тоа што се зборува многу за моторите јасно е дека новите модели ќе понудат и повеќе простор, а ќе понудат и нова технологија како два големи дисплеја во посилни варијанти. Се очекува и далеку поголема комоција, многу помали вибрации, подобра прегледност…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK