Произведен јубилејниот 10.000 Lamborghini Aventador

ОБЈАВЕНО НА:

Lamborghini со гордост објави дека во фабриката во Сант Агата Болоњезе е произведен 10 илјадитиот јубилеен примерок од моделот Aventador.

Јубилејниот примерок е од SVJ Roadster верзијата во Grigio Acheso боја и со Rosso Mimir детали. Внатрешноста е со Ad Personam Rosso Alala ентериер. Истиот е наменет за купувач во Тајланд.

Инаку овој модел италијанскиот прозиводител за прв пат започна даго произведува во февруари 2011 година. Дизајнот на истиот е дело на Филипо Перини и Митја Боркерт.

Во изминатите нешто повеќе од девет години претставени се осум основни и 12 специјални едиции на овој модел.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK