Citroen со голем успех – продадени 600.000 возила од моделот C3

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2016 година францускиот производител Citroen ја лансираше третата генерација од моделот C3 што се покажа како одличен потег. По точно 30 месеци, Citroen соопшти дека успеале да продадат 600 илјади примероци ширум светот од овој модел, а дури 110 илјади само од почетокот на оваа година.

Во официјалното соопштение, Citroen наведува и дека 40% од продадените автомобили биле купени со највисоко ниво на опременост, а 65% од вкупниот број со двобојна каросерија. Во низата статистички податоци, францускиот производител наведува и дека 55% од овие 600 илјади продадени автомобили биле со Airbump, странични заштитни панели.

Преку ова, Citroen ја потенцира широката можност за персонализација на овој модел што е една од причината за овој успех.

Инаку поради побарувачката, овој модел од првично предвиденото производство во Трнава (Словачка) се произведува/ше и во Техеран (Иран) и Џакарта (Индонезија).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK