Заборавете на стресот: Новиот Audi A8 ги масира и стaпалата

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата на новиот Audi A8, Германците се обидуваат постојано да ги потенцираат предностите на новиот автомобил. Една од предностите на новото Audi A8 е дека можете да очекувате да ги масира вашите стопала, кога седиште на задната клупа. Додека чекате во сообраќајниот метеж, или пак имате време да ја почекате сопругата или децата, секој момент може да ви донесе и минути за намалување на стресот.

Оваа опција е достапна кај продолжената верзија на моделот А8 L и функционира така што на задните седишта на дисплејот се одбира оваа функција, а потоа се подигаат нозете во правец на предните седишта и почнува масирањето.

Со секое ново видео се открива по уште една интересна опција што ќе ја нуди Audi A8. Претходно Аudi не запозна со активната суспензија кој афункционира преку 48 волтен систем како електромеханичко решение, и со полу автономниот систем што е наречен Traffic Jam Pilot.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK