Ова се најпродаваните електрични автомобили во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Неспорно е дека САД е најголемиот и најзначајниот пазар на електрични автомобили. Оттука и посветеноста на европските брендови кон освојување на овој пазар со своите електрични автомобили, особено оние кои во претстојните години ќе бидат претставени.

За големината на пазарот говори и податокот дека изминатата година во оваа земја се продадени над 200.000 автомобили што е многу повеќе од останатите високоразвиени земји.

Статистиката покажува дека дури три автомобили на Tesla се наоѓаат на првите пет места во однос на вкупната продажба минатата година што само ја потврдува доминацијата на овој американски производител на домашниот пазар.

Така со 139.782 продадени автомобили, на првата позиција се наоѓа Tesla Model 3, далеку пред моделите X и S на следните две позиции со продадени 26.100 односно 25.745 автомобили.

На следната четврта позиција се наоѓа Chevrolet Bolt со продадени 18.019 автомобили додека најпродаваната петорка ја заокружува Nissan Leaf со продадени 14.715 автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK