Кој е најпродаваниот електричен автомобил во Кина?

ОБЈАВЕНО НА:

CleanTechnica објави интересна информација, а благодарение на истата се дознава кои се најпродаваните електрифицирани plug-in хибриди и 100% електрични, автомобили на најголемиот пазар на електромобили во светот, Кина.

Податоците на СleanTechnica покажуваат дека кинескиот пазар забележа одново позитивен развој во септември, каде бележи раст од 8 проценти, а електрифицираните автомобили отчитуваат зголемување од 66% до ниво од 131.000 единици.

Целосно електричните модели можат да се пофалат со зголемување во побарувачката од 73%, а plug-in хибридите со 43%. Како резултат на овој развој, 100% електричните автомобили забележуваат пазарен дел од 80% од вкупниот број на електромобили.

Вкупниот пазарен дел на хибридите на полнење во септември е на ниво од 6,3% во Кина, а на 100% електричните возила е 5%.

Најпродаваниот plug-in електричен автомобил во Кина во септември е компактниот Wuling HongGuang Mini EV, од кој со основна цена од 4.200 американски долари во месецот биле регистрирани 14.495 единици.

Во Топ 5 на најпопуларните возила во земјата исто така влегуваат и Tesla Model 3 (11.329), Great Wall Ora R1 (5.141), GAC Aion S (4.548) и Baojun E-Series (4.236).

Кон крајот на првите девет месеци на 2020 година, најпопуларниот од кинеските корисници на електричното возило на полнење е Tesla Model 3 со 82.321 реализирани единици, а во Топ 5 влегуваат Wuling HongGuang Mini EV (32.041), GAC Aion S (30.515), BYD Qin Pro EV (30.301) и Baojun E-Series (24.637).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK