Од вишок делови од Ford направи реплика на Ferrari F250 (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Деловите од спортското coupe Ford Cougar, кои биле вишок, вклучувајќи и 2.5-литарски V6 мотор, Белорусинот Сергеј не сакал да ги фрли и успеал да направи мали ремек дело. Се сетил на заборавениот концепт на Ferarri F250 и одлучил да направи реплика на моделот, кој никогаш не влегол во сериско производство.

Сè се случувало многу спонтано. Сергеј кој е од местото Берез, недалеку од Брест во Белорусија со многу труд успеал да направи модел кој го нарекол Izolda, единствениот автомобил кој привлекува внимание на разни изложби.

Сите работи почнале кога на овој воен инженер му завршила службат во оружените сили на Белорусија. Во дворот на својата куќа отворил сервис кога му дошла жена во спортскиот Ford Cougar со расипан мотор.

Сопственичката пронашла нов мотор, кој Сергеј го вградил, а стариот 2.5-литарски V6 (170 коњски сили) бил предвиден за отпад. Меѓутоа среќниот Белорус увидел дека моторот може да се оспособи, дури и да послужи како база за создавање на нов автомобил, кој ќе биде реплика на заборавениот Ferrari F250.

Пронашол рамка од Ford Mondeo, го модифицирал и го прекрил со атрактивна наметка користејќи 3D печатач, градежна пена, стаклена волна, фиберглас, епоксидна смола, додека страничните ретровизори се обликувани од глина.

Потрошил дури четири месеци за дизајнирње и конструкција на вртите во облик на крилја на галеб кои се креваат со помош на амортизери на гас. Во внатрешната се препознаваат делови на Ford Cougar, додека потпирањето е преземано од Lada.

Иако Сергеј потрошил околу 20.000 долари за својот автомобил сега го продава за трипати помал износ, поради тоа што е во недостаток од пари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK