Таксистите ќе добиваат по 8.000 евра за нов автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Таксистите ќе добиваат по 8.000 евра за нов автомобил. Секако, ова би било уште подобра вест доколку се однесуваше на македонските такстити и обновување на нивниот возен парк.

Станува за вест која ја објавија српските медиуми и се однесува на таксистите во оваа земја. Оваа мерка произлегува од преговорите на Асоцијацијата на таксисти со Алескандар Вучиќ, која се случи по бројните протести на таксистите во Белград.

Субвенциите ќе ги добиваат во три форми: како учество за наменски кредит за купување на нов автомобил, како учество за лизинг или како дел при купување и плаќање на автомобилот во кеш.

Како што пренесуваат српските медиуми, во Србија во моментов има околу 17 илјади такстисти, а просечната старост на автомобилите изнесува 15 години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK