Новиот Mustang доаѓа во 2021 година

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Ford објави дека новата генерација на култниот Mustang ќе биде претставена во 2021 година.

Новата генерација на Mustang ќе се базира на новата модуларна платформа, истата онаа која ќе се користи кај новите генерации на Explorer и Lincoln Aviator. Иако е се уште рано, новата генерација најверојатно ќе ја има истата мотористика како и актуелната шеста генерација односно новиот Mustang ќе биде достапен со 2.3 литарски EcoBoost мотор, 5.0 литарски V8 и 5.2 литарски V8 мотор.

Ford во моментов е во транзиционен период во кој се сменија неколку клучни луѓе. Истовремено американскиот производител ги намали бројот на платформи и објави дека до 2020 година ќе го укине производството на сите седан модели на американскиот пазар. Оттука, со оваа информација за доаѓањето на новиот Mustang се стави крај на шпекулациите дека Ford ќе се откаже и од овој легендарен модел.

Со најавата на новата седма генерација, ќе се продолжи производството на оваа генерација која од 1965 година во континуитет се произведува што го прави овој модел најпродаван спортски автомобил во историајта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK